Арсенал, Мидлзбору и Тотенхем забележаа минимални и идентични победи (1-0) во заостанатите натпревари во Премиер лигата совладувајќи ги Лестер, Сандерленд односно Кристал Палас.


„Топчиите“ со помош од Роберт Хут во 86-та минута ја начнаа мрежата на Каспер Шмајхел, додека Мидлзброу со голот на Мартен ден Роон во 8-та минута ја осигура победата, а „петлите“ во финишот го „скршија“ отпорот на Кристал Палас.

Со трите бодови Арсенал се врати во игра за местата во ЛШ, Мидлзброу во борбата за опстанок, а Тотенхем продолжи да го притиска Челси на врвот од табелата.

OhridNews