Службеното возило на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска утрово се судрило со друго возило на улица „Првомајска“, во близина на маркетот Супер Тинекс, пренесува „Макфакс“.
Службениот автомобил „фолксваген пасат“ се судрил со автомобил „фиат добло“, но повредени нема.
Во сообраќајката била причинета само материјална штета.
извор:„Макфакс“