Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денес, ќе ја посети општина Дебарца при што ќе оствари средба со градоначалникот, Игор Трајкоски.
На средбата предвидено е да се разговара на повеќе теми од безбедносен аспект, значајни за жителите на општина Дебарца. Меѓудругото и за функционирањето на формираниот локален совет за превенција, како и за иницијативата на општината, односно на жителите од Дебарца за формирање на полициска станица или полициско одделение во општината.
Ohridnews