Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, денеска ќе престојува во работна посета на Охрид.
Предвидено е таа заедно со директорот на Заводот за заштита на спомениците и музеј Охрид, Тања Паскали-Бунташеска да го посети археолошкиот локалитет Манчевци во старото градско јадро на Охрид, во непосредна близина на црквата Св. Софија, каде што ќе се запознае со текот на реализацијата на проектот за негова заштита и конзервација.