Утре, со почеток во 11.00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе одржи презентација на владината иницијатива за Отворено владино партнерство на Универзитетот Св. Апостол Павле, во рамките на која пред студентите ќе ја претстави и веб страната opendata.mioa.gov.mk.

Министерот Ивановски во 12.00 часот, во конгресната сала во хотел Милениум официјално ќе ја пушти во употреба и електронската продавница „ Macedonian Handicrafts„ со цел развој и промоција на е-трговијата во Република Македонија.

OhridNews