Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на социјалните мрежи објави дека ги потпишал актите со кои полициските униформи ќе добијат двојазични натписи, на македонски и албански јазик.

Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик на сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, специјална работна сила.-  напиша на социјалните мрежи министерот Нухиу држејќи двојазична плакета во рацете.

Нухиу днеодамна ја презеде функцијата Министер за внатрешни работи од Наќе Чулев, кој претходно ја извршуваше таа функцијата во Техничката влада.

Инаку, двојазични униформи на полицијата, противпожарните единици и здравствените работници, се предвидени со Законот за јазиците кој беше усвоен во 2018 година во Собранието.

OhridNews