Во работна посета на ЈЗУ Општа Болница Охрид, денеска беше министерот за Локална Самоуправа Ристо Пенов. Тој остварил средба со директорот, Д-р Асен Шајн, раководството на болницата и дел од лекарскиот персонал, на која се разговарало за реализација на проекти за подобрување на условите за лекување и работа во оваа значајна здравствена установа.
Се разговараше за проекти за реновирање на објектите, како и за обезбедување енергетска ефикасност, кои би се реализирале со помош на министерството за Локална самоуправа, со цел подобрување на условите за нега на пациентите и условите за работа на медицинскиот персонал. – велат од болницата.
Ваква подршка би имала огромно значење за оваа здравствена установа, додаваат од Општата болница Охрид, која покрај охришани, опслужува и пациенти од околните општини.
OhridNews