Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, најави зголемување на пензиите кон крајот на годинава.
– На крајот на 2012, односно почетокот на 2013 година пензиите ќе бидат покачени за пет проценти, а дефинирано е дека во наредните години ќе има прогресивно зголемување на пензиите. Така по првичното зголемување од пет проценти, ќе има зголемување од седум проценти, а во 2015 година ќе има зголемување за 10 проценти”, потенцираше министерот Ристовски и додаде дека на тој начи се очекува да се подобри финансиската и економската моќ на пензионерите.
Од 2006 до крајот на 2010 година пензиите се зголемени за повеќе од 42 проценти за најниската пензија и над 33,5 проценти за просечната пензија во Македонија.












