Утре, министерот за економија Ваљон Сараќини ќе одржи средба со претставници на туристичките асоцијации во Република Македонија, во врска со владината мерка од последниот економски пакет за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5%, информираат од министерството за економија.

На средбата е предвидено туристичките работници да се запознаат со новиот министер, како и да ги изнесат своте ставови околу најновата владина мерка,  која следуваше по  нивните долгогодишните напори и укажувања дека ваквиот чекор е неопходен за развојот на туризмот.

На средбата се очекува да се изврши и анализа на досега остварените резултати од туристичката сезона која е во тек, како и за најавеното формирање на Националната туристичка организација.

Ohridnews