Министерот Кралев беше информиран дека по завршувањето на првиот уписен рок забележан е поголем интерес од страна на студентите за запишување во новата академска година, во однос на изминатите години.
– Интересот на студентите расте што е и очекувано со глед на тоа дека годинава интересот за техничките науки во Македонија е во пораст. Средбата ја искористивме, со новиот ректор да поразговараме за тековните активности во новата учебна година. Бев информиран дека годинава ќе пристигнат тројца нови професори од САД кои ќе држат предавања, рече министерот Кралев по посетата на универзитетот.
Како што потенцира ректорот на УИНТ „Св. Апостол Павле“, Проф. Д- р Нинослав Марина, еден од приоритетите е универзитетот да стане регионален лидер во научно- истражувачката и наставна дејност преку привлекување на квалитетен кадар од земјава и странство.
– Универзитетот е уникатен по тоа што спојува една популарна област, како што се информатичко- комуникациските технологии, во овој случај науки и технологии и студиските програми на англиски јазик кои отвораат една поголема можност за ангажирање на странски професори и од земјава, како и запишување на студенти на кои потоа им е полесен пристапот на меѓународниот пазар на труд, рече ректорот проф. Д- р Нинослав Марина.
Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле” е најмлад јавен универзитет во Република Македонија и единствен специјализиран универзитет во областа на информатичките науки и технологии во земјата.