Министерството за култура реагира на изнесените обвинувања што на негова адреса беа упатени на протестот што денеска го организираше општинската организација на СДСМ пред градската библиотека во Охрид.

-Сите проекти кои што се ветени од страна на Министерството за култура се реализирани и ќе се реализираат според зацртаниот план, информираат од Министерството за култура.

Оттаму додаваат дека се работи и на изнаоѓање на соодветно просторно решение за богатиот книжен фонд на охридската библиотека.

-Владата донесе одлука да и се додели соодветен простор на градската библиотека во Охрид кој ќе ги исполнува потребните услови, а овој проект ќе се реализра во идниот период, соопшти  Министерството за култура.