Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници и повреди здобиени од експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце. Четворица од пациентите се во исклучително тешка состојба со голем степен на изгореници и се наоѓаат во животна опасност, соопшти Министерството за здравство.

Од четворицата сместени на Клиничкиот центар двајца мажи на 60 годишна возраст се наоѓаат на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. На одделот за Интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување се примени две жени на возраст од 40 и 45 години. Од тројцата пациенти во „Св. Наум Охридски-Скопје“ една од повредените е жена на 40 – тина години е во Одделот за интензивна нега, а на 20 годишна пациентката која е бремена се вршат дополнителни испитувања. Во Старата Градска болница е примено е и дете кои има мал процент на изгореници. – информира Министерството за здравство.

OhridNews