Министерството за образование и наука ги затвори вратите за студентскиот пленум. Студентите повторно не добија шанса да ги соочат аргументите со министерот Абдилаќим Адеми, објави теелвизија „Телма“. Тој одлучи да дебатира само со преставници на педагошките факултети во земјата, а за да избегне каква било средба со пленумот, на само половина час пред да започне дебатата одлучи да ја промени локацијата. Наместо на педагошкиот факултет средбата се одвиваше во министерството, а дебатата од отворена премина во средба од затворен тип.
„Каква е оваа дебата, 10 илјади студенти излегоа на улиците и кажаа не за државните испити, 10 илјади студенти даваат легитимитет да не се оди воопшто во дискусија за државни ипити. Каква е оваа дебата? Што е ова, пост фестум дебата на којашто ќе бидат соопштени одлуките, односно веќе донесените одлуки, предлог законот-на Владата. За што се дебатира овде? Кој дебатира?“, прашуваа студентите.
За одуката во последен момент да се промени локацијата и дебатата од отворен да премине во затворен тип, Адеми со образложение дека не сакал суштинска реформа за педагошкиот факултет да падне во сенка на упади на студентите. Иако претходно беше најавена дебата за реформи во образованието, сега тврдеше дека тема биле исклучително педагошките факултети и затоа не ги поканил студентите.
„Не се исплашивме и нема да се исплашиме, бидејќи студентите се наши партнери, го закажавме на педагошки факултет за да дискутираме за педагошката реформа, но добивме јавно од студентите дека сакаат да упаднат на средбата, што мислам дека е недолично за студентите да дојдат непоканети, бидејќи ние денеска дискутираме за реформа на педагошките факултети“, рече тој.
Адеми откако денеска ги затвори вратите за студентите, по завршувањето на затворената средба повторно даде уште една контрадикторна изјава дека јавната расправа не е завршена и дека тие сепак ќе бидат поканети да го кажат својот став. Претходно, кога во владата најави нови закони и измени на веќе постоечките, со неговиот заменик Спиро Ристовски порачаа дека државниот испит е само мал дел од новите реформи по што одбија да го коментираат.
OhridNews
Извор:„Телма“