Министерството за спорт додели премија од три милиони денари за машката одбојкарска репрезентација на Македонија која обезбеди пласман на Европското превенство 2026.

Со убедлива победа против Грузија (3:0), најдобрите македонски одбојкари вчера во Скопје го заверија настапот на Евроволеј 2026 и го потврдија континуитетот на успеси. За нашата репрезентација ова ќе биде четврто европско првенство по ред, по настапите на континенталните собири во 2019, 2021 и 2023 година.

Ви благодариме за сè што правите за Македонија. Министерството за спорт секогаш ќе ги поддржува успешните федерации и успешните приказни во спортот. Го прифативме предлогот на претседателот на ОФМ, Петар Јовановски, и за овој пласман репрезентацијата ќе добие премија во висина од три милиони денари, рече министерот Борко Ристовски, честитајќи им ја победата на одбојкарите.

Македонија на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Бугарија, Финска, Италија и Романија, оди како една од петте најдобри второпласирани селекции во квалификациите.

OhridNews