
Со исполнувањето на стандардите и применувањето на ИСО 9001:2008, според министерот Јанакиески, ќе се придонесе за значително подобрување на ефикасноста во управувањето со внатрешните процеси, ќе се подобри управувањето и раководењето со човечките ресурси во институцијата, ќе се зголеми продуктивноста и квалитетот на услугите кон крајните корисници, граѓаните и стопанските субјекти, како и ќе се зголеми ефикасноста на работниот потенцијал, нивото на одговорност, стручност, етика, односно ќе се подобри целокупниот придонес од работењето на Министерството за транспорт и врски во општествениот и економскиот развој на земјава.
Од почетокот на следната година ќе почне имплементација на проектот Доцумент манагемент сѕстем што подразбира дека преку електронска апликација, односно преку софтверско решение ќе се следи целокупната работа на Министерството врз основа на донесените процедури. Со тоа точно ќе се знае секој предмет каде се наоѓа и во која фаза на постапување, со цел нивно завршување и решавање во рамките на предвидените рокови.












