Да се избегнуваат какви било напорни активности- вклучуваќи спорт и рекреативни активности за време на најжешкиот период на денот. Во најтоплите денови, останете повеќе во затворени простории, пред се климатизирани, да се носи светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и  капа, да се внесува помало количество храна, а посебно помалку мрсна храна, да се внесуваат големи количества течности почнувајќи од  обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолните пијалоци, да се избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци, при неопходен престој на отворен простор во периодот од 11 до 17 часот, да се најде можност за почести одмори  под сенка  и да се избегнува директен престој на сонце.

Ова се препораките од министерствоото за здравство кое ги потсетува граѓаните на основните мерки за заштита од високите температури.

Мерките се дел од Акциониот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението во РМ, со цел намалување на здравствените проблеми и смртноста предизвикани од топлотните бранови.

OhridNews