Ливерпул и Челси ги поделија бодовите на дербито од 13-та рунда во Премиер лигата ремизирајќи (1-1) на Енфилд.
Лондонските сини благодарание на домашниот голман Симон Мињоле останаа непоразени и со бод заминаа од Ливерпул.
„Црвените“ поведоа во 65-та минута со голот на Мохамед Салах кој не се израдува и го испочитува клубот кој го промовираше во Премиер лигата.
Во 85-та минута Вилијан не упати конкретен удар, но Мињоле имаше лоша проценка и топката заврши во неговата мрежа.
Со освоениот бод Ливерпул стигна до 23-от сезонава, додека Челси до 26-от и се наоѓа на третата позиција од табелата.
OhridNews