Голманот на Ливерпул, Симон Мињолет имаше неверојатен кикс на мечот со Бордо во Лигата на Европа. Тој повеќе од дозволеното ја чуваше топката во неговите раце по што судијата досуди индиректен удар. Гостинските фудбалери го реализираа и поведоа со 1-0. Мињолет имаше среќа што екипата успеа со два погодоци да го сврти резултатот и да победи, па киксот ќе остане само добро сеќавање.

 

Ohridnews