Минусни температури утрово се измерени речиси во сите делови од земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најниска беше температурата на Попова Шапка каде се измерени -15 степени, во Берово и во Крушево – 12, во Крива Паланка – 11, во Маврови Анови – 10, во Штип и Струмица -8, во Прилеп и во Виница – 7, во Битола, Охрид и Претор – 6, во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија – 5, во Куманово и во Велес – 4, во Скопје-Петровец, Тетово и Кавадарци – 3, во Дојран -2 и во Гевгелија 0 степени.

На Попова Шапка снежната покривка изнесува седум сантиметри.

OhridNews