Според прогнозите, времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен ветер од северен правец и со слаб локален дожд и снег, особено во југоисточните делови.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од еден до осум степени.
Следува период на променливо облачно и студено време. Утринските температури ќе бидат во опаѓање, а најниската се очекува да биде за време на новогодишната ноќ кога ќе се спушти во интервал од минус 10 до минус 3 степени.
Во сабота во западните делови ќе има услови за повремен локален снег, а во недела врнежи се очекуваат на повеќе места.
OhridNews