Хрватот Стипе Миочиќ пред 20 000 гледачи ја одбрани титулата во тешката категорија во „UFC“ совладувајќи го со нокаут легендарниот Алистар Оверем.
Бранителот на „појасот“ од самиот почеток тргна жестоко со што стави до знаење дека решително влегува во борбата. Со иста мера возврати и Оверем кој имаше неколку чисти удар кон хрватскиот борец.
Пред крајот на првата рунда Миочиќ го искористи повлекувањето на Оверем и го нападна, а на подот со силен зафат го реши Холанѓанецот кој се уште е синоним за боречките вештини.
OhridNews