Македонската  „А“ селекција по седумдневните  подготовки во Охрид, се враќа во метрополата, каде ќе биде неколку дена, по што  следуваат пријателските натпревари на кои ќе се бара идеалната форма  за “жешкиот“ август во кој “црвено – жолтите“ ќе одиграат 8 натпревари во 24 дена.


При последниот напад кој го имаше Македонија во мечот со Русија на ЕП, Мираковски беше играчот кој биеше, но среќата не го посака и поразот ги прати  “црвено – жолтите“ во квалификациите. Промашувањето е голем поттик за Мираковски да се врати на ЕП и да ја поправи ситуацијата.

После секој неуспех, психологијата на секој играч е да продолжи уште понапорно да работи, се надевам дека во кариерата ќе имам повторно можност да имам таков удар . Ако ситуацијата се повтори и во тој краток период да треба да се претрча теренот и да се биде, би го повторил истото , со таа разлика што овај пат се надевам дека ке погодам, и среќата ќе биде на моја страна – вели Мираковски.

М.П.