Ионака благата зима е пред самиот крај. Расцветаните дрвја во центарот на Охрид го најавуваат доаѓањето на пролетта, а најавените температури за претстојните денови само го потврдуваат тоа.

Според прогнозата на УХМР Македонија, денеска во Охрид ќе преовладува сончевo време со слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 16 степени Целзиусови. Викендот сончево и уште потопло со температури до 23 степени во јужните краишта.

OhridNews