Деновите се ситнат а почнуваат да се одбројуваат часовите до почетокот на големиот роденденски спектакл на навивачката група „Рибари“-Охрид по повод 30-години постоење. Први гости кои специјално допатуваа во Охрид се претставниците од навивачката група „Рибари“ од словенечкиот град Изола. Двете навивачки групи се збратимија и заедно ќе бидат дел од сите активности кои се поврзани со роденденската прослава.

По повод 30-годишнината и големата роденденска прослава на навивачката група „Рибари“-Охрид во градот веќе пристигнуваат гости како од земјата така и надвор од неа. Од најдалеку пристигнаа претставници од словенскиот град Изола чија навивачка група го носи името „Рибари“. Тие пропатуваа над 1000 километри да бидат дел од роденденскиот спектакл кој ќе се случи викендов во Охрид. Претставници ќе има од повеќе навивачки групи од Македонија кои ќе бидат дел од нашиот јубилеј. – изјавија од охридската навивачка група.

Големата прославата ќе се одвива в недела. Навивачите ќе се загреваат на фудбалскиот натпревар Охрид – Кораб кој ќе започне во 13 часот.  Главниот собир на навивачите ќе биде на плоштадот кај Чинарот. Од таму пеш сите ќе се упатат в сала на мечот Охрид – Пролет, кој ќе започне во 17 часот. Во СРЦ „Билјанини Извори“ на ракометното дерби ќе биде промовирана новата песна, специјално направена за овој повод и задача посетителите ќе имаат да ја пеат во еден глас. Исто така ќе има богата кореографија и ќе се сплотат сите генерации од навивачката група „Рибари“.

После завршувањето на ракометниот натпревар ќе следува пиротехничкото шоу кое до сега не се случило во Македонија и на Балканот.

Градот Охрид веќе пулсира во сино бело. „Рибари“ се главна тема, а сите со нетрпение го очекуваат големиот роденденски спектакл.


Мириса на спектакл во Охрид!

OhridNews