После ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ, Игор Вори и Денис Бунтиќ од хрватската ракометна репрезентација се прости и Мирко Алиловиќ. Голманот за разлика од останатите ракометари заминува со измешани емоции поради одредени работи кои му се случија во текот на континенталниот собир.

Непознати сторители ги искршија сите стакла од домот на Мирко Алиловиќ после мечот со Франција кој Хрватска го изгуби и ја заврши трката за медал.

– Бесот за неуспехот на репрезентација ми го препишаа мене и ми ги искршија стаклата од мојот дом. Цели 11 години го носам дресот на Хрватска, освоив 7 медали и се ќе беше многу подобро ако сите ги ценеа одличјата многу повеќе. Некогаш беше добро, некогаш беше лошо, но секогаш давав 100% и не калкулирав, а за возврат добив искрешени стакла, не е фер. – изјави Алиловиќ.

32-годишниот голман после завршување на оваа сезона ќе го промени и клубот. Од редовите на Веспрем ќе се пресели во Пик Сегед.

OhridNews