Повредите на Миркуловски и Јоноски не се толку сериозни и тие се очекува да бидат во стројот за мечот против Србија во среда.  На официјалната страна на РК Металург е обајвено дека повредите на двајцата македонски репрезентативци се од полесен карактер.


По направените снимки, не е утврдена скршеница кај Филип Миркуловски. Шаката е само набиена, и Миркуловски ќе настапи во среда против Србија.  Кај Аце Јоновски се работи за напукната носна коска и ќе се направи се за да и тој настапи на натпреварот.

М.П.