Филип Миркуловски еден од разбивачите на противничките одбрани, со свое видување за квалификациската група на Македонија за пласман на Олимписките игри во Лондон. Македонија се наоѓа во група со домаќинот Шведска, Унгарија и селекцијата на Бразил.

– Бразил е една непознаница за нас и од јужноамериканските селекции може се да се очекува. Шведска е домаќин и е главен фаворит на турнирот, имаат мал пад но тоа е друга селекција кога игра на домашен терен.Унгарија не ние во добро сеќавање не победи два пати в квалфикациите, но ние сега сме поискусни за едно европско првенство, и очекувам со игри како на шампионатот во Србија да се најдеме во Лондон на Олимписките игри – истакна Миркуловски.
Дополнително ќе биде одреден распоредот на мечевите на квалфикиацискиот турнир кој се игра од 6 до 8 април во Стокхолм, Шведска. 
М.П.