Стотина лица денеска протeстираа во Струга против судската одлука во случајот „Монструм“.

Протестантите минале низ чаршијата по што се упатиле кон зградата на Основниот суд во Струга од каде испратиле порака за ослободување на обвинетите во случајот кои судот во Скопје ги осуди на доживотен затвор за убиството на четири момчиња и еден рибар на Смилковското Езеро за Велигден пред две години. Незадоволните граѓани од албанска националност кои денеска протестираа во Струга сметаат дека осудените се невини и бараат правдата и вистината да излезат на виделина.

Групата што протестираше денеска во Струга извикувала пароли „УЧК“ и против лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Протестот во Струга траел кусо и минал без инциденти, информираа од полицијата.

OhridNews