„Мирните“ протести им се удрија од глава на медиумите
12.05.12 00:05
Илјадници граѓани, муслимански верници, вчера протестираа во повеќе градови низ земјава против полициската акција за расветлување на петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Најжестоко беше во Тетово каде протестантите насилно го пробија полицискиот кордон, и во Скопје каде зе забележани повеќе инциденти. Толпата во која се проценува дека имало околу 5000 лица оштетила повеќе излози, автобуска постојка, како и прозори на владината зграда, а од канонадата камења настрадаа сниматели на националните телевизии Телма и Сител, како и неколкумина полициски службеници.
За сега не е приведен ниту еден од учесниците во овие инциденти, а полицијата работи на нивна идентификација.
Осуда за нападите врз новинарските екипи на вчерашниот протест во Скопје стигна од Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ).
„Загрижува појавата што на протести постојано се напаѓаат новинарите и снимателите при вршење на својата работа. Непримерно е граѓаните кои учествуваат во јавните протести гневот да го истураат врз новинарите. Постојаните физички напади против медиумските работници говори во каков амбиент работат тие. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи на Македонија брзо да ги идентификува напаѓачите и да преземе мерки против нив“, се вели во соопштението на ЗНМ.
Од таму бараат од МВР да ги достаи информации до каде е постапката против досегашните напади на новинари кои се случуваат во последните две години.
„Доколку не добиеме таква информација ќе мораме да се обратиме до меѓународните институции за да алармираме дека безбедноста на новинарите во Македонија е загрозена и дека институциите не преземаат доволни мерки за да ги санкционираат насилниците за да не се повторат вакви напади“, порачуваат од ЗНМ.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Утре прекин во водоснабдувањето кај корисниците од населбата Црногорци, сЛескоец и сЛакочереј, најавуваат од ЈП Водовод Охрид Поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.