Екипите на Евертон и Ливерпул ги поделија бодовите во 225-то „Мерсисајд“ дерби ремизирајќи 1-1.
Најинтересните моменти на дербито кое не ги оправда големи очекувања се случија во последните четири минути од првиот дел.
„Црвените“ во 42-та минута поведоа со голот на Дени Ингс, а во последната минута Лукаку го изедначи резултатот по кардиналната грешка на одбраната на Ливерпул.
Возбудувања и шанси на дербито на „Гудисон Парк“ имаше, но далеку од она што знае да го понуди градското дерби во Ливерпул.
Мх.П.










