Господо  од СДСМ, зарем не ви е јасно дека сето укажување, сите критики треба да ги свртите кон самите себеси. Вашата промена на генерација како што ја нарекувате и промената на Вашите локално водечки личности не Ве амнестира од ниту еден направен грев кон градот Охрид, рече на денешната прес конференција портпаролот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ .

– Пристапот за дезинформирање на јавноста е крајно неодговорен како и крајно неодговорно е делувањето на претседателот на ОО СДСМ кој во својот мандат како координатор на  советничката група  дирекно беше инволвиран во сите одлуки на Советот на Општина Охрид во изминатиов период.На вашите нови гласноговорници, кои дел можеби не се ни од Охрид или пак не ни живееле во Охрид за време на осумгодишната голгота на градот потсетете ги дека СДСМ градот Охрид го остави во 33 милионски долг, а ВМРО ДПМНЕ со крајни напори се обидува тој долг да го анулира. СДСМ градот Охрид го остави во урбан хаос, а ВМРО ДПМНЕ се обидува тоа да го реши, рече Митровиќ.

Тој додаде дека СДСМ оставила пренатрупана и неефикасна администрација,а ВМРО ДПМНЕ оди кон градење на модерна ефикасна администрација во услуга на граѓаните.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ја разбираат потребата од медиумски простор и помладата генерација на СДСМ да биде на челни места, но додаваат дека ВМРО ДПМНЕ уште еднаш тоа нема да го допушти.

– Зборувате за уредениот влез во градот Охрид, што во превод значи дека цели осум години не сте можеле ни тоа да го направите.Критикувате средби со амбасадори, со значајни личности,што во превод значи дека и тоа не сте го правеле во изминативе години, рече Митровиќ.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека одговорот на поставените прашања за економските мерки на Владата што го дала СДСМ е одговор на една безидејност, немање став и признавање пораз и дека СДСМ се обидува да искритува економски мерки кои се од интерес на граѓаните на Република Македонија.

OhridNews