Без победник и без голови 0-0 заврши мечот од седмото коло меѓу Охрид и Металург одигран на СРЦ “Атина Бојаџи“. Гостите беа тие кои ја имаа иницијативата ги имаа најубавите прилики, но ударите на Илијоски и Костенцовски завршија во гредата, односно дирекот.

Охриѓани најубавата прилика ја имаа во финишот на мечот преку Далчески ,но Павловиќ не дозволи да биде совладан.

По седмото коло Охрид е на десетото место на табелата, во наредната рунда ќе гостува кај Х.Турново.

М.П.