Мируваа мрежите на охридските второлигаши во 12 рунда. Охрид се радуваше на домашен триумф против Беласица, додека Охрид Лоте ја прекина црната низа со реми без голови. Наредната , последна рунда во есенскиот дел од првенството ја носи пресметката на “поголемиот“ и “помалиот“ брат.


Фк Охрид

1 погодок на Бакулески во шампионатот, еден бод за лидерот Тиквеш., само еден примен гол на “Билјанини Извори“.

2  победа од 1-0 на домашен терен ,  второ мес то на табелата, бод помалку од Тиквеш, бод повеќе од  11 Октомври.

3 од шестте натпревари на домашен терен не успеаа во првиот дел да ја затресат противничкита мрежа.

4 победа во последните пет натпревари.

5 жолти картони на мечот против Беласица, пожолтеа Велески, Ѓорески, Вељаноски, Нически и Клечкароски

6 победа во шестте кола на домашен терен, 6 примени гола  во првенството, втора најдобра одбрана во лигата, најмалку примени погодоци има 11 Октомври,  четири.

7 Седми  меч сезонава како останува празна мрежата на рибарите.

8 победа во првенствтото шеста на домашен терен, две на гостувањата.

9 фудбалери ја погодиле противничката мрежа. И.Клечкароски пет пати, Нически четири пати, Китрозоски и Д.
Клечкароски по два пати, по еднаш Дејкоски, Карамачоски, Мартиноски , Перески и Бакулески.

11 на единаесет од дванаесете натпревари постигнаа погодок,а на десет  од нив дојдоа први во предност. Единствено не постигнаа гол на гостувањето кај 11 Октомври кое заврши со мининамален пораз од 1-0.

12 рунди осум победи, два ремија и два порази, плус  12 е гол разликата.  12 постигнати гола на домашен терен.

13 рунда, на “Билјанини“  се игра градската пресметка со Охрид Лоте,

18  постигнати погодоци , четврти напад во лигата, најефикасен е Тиквеш со 23 успешни реализации.

26  бода од можни 36

38 жолти картони заработија “рибарите“ во досегашните 12 кола.

500  гледачи го проследија мечот одигран во Охрид.



Охрид Лоте

1 реми по негативната серија од четири порази.

2  реми во досегашниот шампионат. Претходно во третото коло ремизираа 1-1 на домашен терен со Влазними.

3 натпревар како не успеваат да го пронајдат патот кон противничката мрежа.

4 жолти картони на мечот со Новаци, Волчески, Митрески, Толески, Трајкоски, останаа на скромни четири победи
во првенството.

6 во шестте натпревари на гости, претрпеа четири порази, една победа и едно реми, постигна шест погодоци на гостински терен.

8 фудбалери ја затресле мрежата на противникот, Толески четири пати, Димоски три пати, М. Стојаноски и Волчески два пати, Арсовски, Трајаноски, Стисниоски, А. Стојаноски по еднаш. Осми примен гол на домашен терен.

9 место на табелата, исто како и по 11 рунда

11 примени гола на гостувањата

12 рунди , четири победи, две ремија, и шест порази.

13 во последната рунда на Билјанини Извори играат против Охрид 2004

14 освоени бода од можни 36.

15 постигнати погодоци , го имаат седмиот напад по ефикасност. Најефикасен е Тиквеш со 23 успешни реализации.

19 примени погодоци трета најслаба одбрана во лигата. Повеќе голови имаат примено Влазерими 30 и Цементарница 20.

200 гледачи го проследија мечот кој се одигра на стадионот во Новаци.

М.П.