Мишел Камило без посебни барања за престојот во Охрид
16.07.12 07:00
Врвниот светски пијанист, Мишел Камило, кој е еден од најексклузивните гости на годинешното Охридско лето, вчеравечер пристигна во Охрид. Оваа голема ѕвезда е сместена во хотелот Инекс Горица, а во текот на денешнито ден ќе има прилика и да ги разгледа убавините на Охрид. Организаторите на фестивалот велат дека овој светски музичар немал посебни или специфични барања околу условите за престој. За неговиот концерт, кој ќе се одржи вечерва во предворјето на Света Софија, се бара влезница повеќе.
Мишел Камило е еден од највозбудливите музичари на светската џез сцена, чие творештво на автентичен начин ги спојува латиноамериканските ритми и мелодии со класичниот џез израз. Неговата театралност во изведбата, извонредната техника,силната енергија и амплитудата во динамиката го сместуваат во редовите на најпрепознатливите џез музичари на денешницата.
Роден во Санто Домингово 1954 година. Почнува да учи хармоника, а првата средба со пијаното ја има на шест годишна возраст. Музика учи на престижниот колеџ „Џулијард“ во Њујорк и серазвива под влијанија на џез великаните: Чик Кореа, Кит Џерет, Херби Хенког,Оскар Петерсон, Бил Еванс, Арт Татум. Како класичен пијанист во 90-тереализирал неколку турнеи. Уметничка вештина и виртуозност на Камило ги доближува жанровите на џезот, популарната и светската музика. Тој е пијанист со брилијантна техника и композитор кој на своите дела го додава„вкусот“ на карипските ритми и џез хармонии. Покрај својата исклучителна дискографија од областа на џезот, Камило е автор и на популарна и филмска музика. Добитник е на престижните награди „Еми“ и „Греми“ за исклучителни достигнувања во музичката уметност.
Камило на концертот во Охрид ќе настапи во придужба на порториканскиот перкусионисто Џовани Идалго.
Композиции од големиот литвански композитор Микалојус Константинас Чиурлионис вчеравечер одекнуваа под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ во рамки на Литванската вечер на „Охридско лето“...
Во Струга во септември ќе почне со работа првиот Центар за аутизам Во оваа насока во просториите на Општина Струга беше потпишан договор за соработка помеѓу Општина Струга и Здружението за поддршка...
Секторот за внатрешни работи Охрид ја реализираше превентивната кампања „Соседска патрола“ Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, родители, претставници од...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.