Општинскиот фудбалски сојуз и судиската организација од Охрид во името на Мишо Ѓорѓиевски добија нов член во македонската судиска елита.

Ѓорѓиевски заедно охриѓанецот Фатмир Бафто и останатите судии од главната листа успешно ги минаа фитнес и теоретските тестови кои вчера ги имаа во Охрид. Ѓорѓиевски на главната листа им се придружи на Марјан Маркоски и Марјан Ецкоски.

Денеска шанса за влез во судиската елита ќе има Горан Балевски. Тој денеска поручек треба успешно да ги мине потребните тестови и да го наследи Жарко Тодоровски, кој на крајот од сезоната заврши со судиската кариера.

OhridNews