Речиси половина ученици на неколку основни училишта во Франција не се појавиле на настава откако нивните родители добиле СМС пораки во кои пишувало дека наставниците на час по сексуално воспитување ќе ги учат децата како да мастурбираат. Пораката со лажна содржина наводно ја испратило здружението ‘Equality and Reconciliation’ кое е поврзано со екстремната десница и кое е поврзано со премногу конзервативните ставови.

Во пораката, помеѓу останатото, ги повикале родителите децата во петок и понеделник да ги остават дома во знак на протест против „воведувањето на сексуално воспитување и мастурбација во училиштата“. На бојкотот се одзвале воглавно родителите од исламска вероисповед. Имено, во училиштата кои се наоѓаат во областите каде воглавно живеат имигранти, дури и до 40 проценти од децата останале дома.