Интензивните врнежи од дожд и снег, што викендов го зафатија Охридско-струшкиот регион предизвикаа поплави во повеќе населени места.
Под вода се повеќе куќи и обработливо земјиште во Мислешево и Мислешевски пат.
Покрај регионалниот пат Охрид – Струга формирани се езера, а улиците на Мислешево се под вода.
Жителите на селото велат дека штетите од поплавата се големи и бараат помош од надлежните институции.
Г.М.





















