Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со порака до сите жени „ Нека Ви е честит денот на жената 8 –ми Март и бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот. Мислете на себе, мислете и на другите во сообраќајот! Нека вашиот личен пример и личен придонес биде првиот чекор кон издигнување на безбедноста на сообраќајот на повисоко ниво. Вашата улога во семејството и општеството е незаменлива! Ништо и никој не може да ве замени како мајка, сопруга, другарка, партнерка, пријателка……….Чувајте се, за вас и вашите најблиски!
По повод денот на жената, 8-ми Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со партнерите организира женско возачко дефиле со цел подигање на свеста против стереотипите за жените како лоши возачи. Исто така, по повод 8-ми март, РСБСП во соработка со МВР организира едукативно превентивни настани и манифестации во повеќе градови истовремено. Централниот настан ќе се организира во „Скопје Сити мол“ во Недела на 8 март, и истиот опфаќа дистрибуција на цвеќе и едукативни материјали за жените учесници во сообраќајот.
OhridNews