Екипите на Мистер И и АСП Пак ќе ги одмерат силите во финалето на јубилејното 15-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2018“. Завршницата од турнирот ќе се одигра во вторник со почеток во 21 часот.

Во полуфиналето Мистер И со 6-1 го совлада тимот на Шила, додека АСП Пак и покрај почетната негатива со пресврт славеше против екипата на Замок Александар.

Финалната програма на последниот ден ќе ја отворат Шила и Замок Александар во мечот за третото место, а во големото финале во 22 часот ќе се сретнат Мистер И – АСП Пак.

OhridNews