Еден мистериозен француски колекционер на вина одлучил на една аукција која ќе се одржи на 17 мај во Женева да ја продаде својата колекција од 315 шишиња, која опфаќа повеќе од 60 берби на различни вина. Истиот колекционер минатиот мај продал 158 шишиња три века старо вино од сортата „Satoa D’kema“ во Хонг Конг за повеќе од милион долари.


Специјалистот за вина на аукциската куќа „Кристи“, која ќе ја води аукцијата, Мајкл Гане, го опишал мистериозниот колекционер како човек во шеесеттите години, кој почнал да купува големи количини вино во осумдесеттите години од минатиот век. Гане изјавил дека му останале уште многу шишиња, и кога ќе се земе предвид дека имате илјадници, 315 од нив и не се многу. Се очекува колекцијата да достигне цена помеѓу 696 и 929 илјади долари.