Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања, рече на денешната прес конференција Марија Митева, портпаролка на Владата на Република Македонија.

За останатите 9 ве информирам дека сѐ уште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе излеземе со дополнителни информации. Во однос на ваквата состојба, веднаш до Министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата, забрана за вршење на дејност и сите казнени одредби коишто се возможни согласно закон ќе бидат преземени. На терен во секој момент овие денови се над 10 тима кои вршат контрола и во текот на денешниот и ќе продолжат и во текот на утрешниот ден. Ќе се проверат сите, до детал, рече Митева.
Потенцираше дека е направен и план за проверка на оние кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото.
Во Охрид, како што истакна вчера портпаролката на Владата има четири објекти, три регистрирани како кабареа и еден како диско клуб. Од нив, два се со важечки лиценци, еден со важечка лиценца за диско-клуб, а еден објект е без лиценца.
OhridNews











