Струга на 24-ти март јасно ќе ја искаже својата волја и ќе ја даде поддршката на кандидатите на ДПА, кои ќе ја водат општината во идните четири години. Со победа на претстојните избори ДПА ќе ја отвори вратата за предвремени парламентарни избори на кои ќе биде симната актуелната власт која земјата ја води кон пропаст. Ова меѓу другото го истакна лидерот на ДПА Мендух Тачи на предизборниот митинг што вечерва се одржа во Струга.


-Едвај чекаат САД,  Европа, Албанија и Косово, оваа влада на Ахмети да падне. Ве уверувам дека таа брзо ќе падне. Неа нема да ја собори македонската, туку албанската  опозиција, која убедливо ќе победи на изборите. Сметаме дека постои опасност од оваа политика која ги влоши односите со НАТО и ЕУ, која ја влоши состојбата во земјата и економски ги уназади албанците многу, затоа сите заедно на 24 март сите во еден глас силно да им ставиме на знаење дека се готови и дека парламентарните избори многу брзо ќе дојдат.-рече Тачи.


На митингот беше претставена кандидатсклата листа за советници на ДПА во Струга која ја предводи проф. Д-р Абдула Ќазими, како и кандидатот за градоначалник докторот Зијадин Села.

Села во своето обраќање ги повика граѓаните на Струга масовно да излезат на избори на 24 март и да му покажат на премиерот Груевски  чиј град е Струга. Тој упати повик и до неговиот противкандидат од ДУИ, Арбен Лабеништи  да се повлече од изборната трка, затоа што, како што рече, народот е со ДПА, која ќе извојува победа на претстојните  избори.


-Арбен, почитуван мој колега повлечи се. Овој народ тука ти испраќа порака да се повлечеш. Овде се луѓето со бел образ, тука се луѓето ки ја спасија Струга 2009 година. Дојди тука и пробај да ги победиш албанците со тие што сакаа да ги победат албанците 2009-та. Повлечи се во име на албанците. Испраќам порака до сите граѓани на 24 март масовно да излезат на избори и да ја спасиме Струга од канџите на тие кои треба да погледнат во историјата и да видат каде се дојдени од зад Карпатите. На 24-ти март албанците ќе бидат победници во Струга, а јас ќе бидам градоначалник на сите граѓани.-истакна Зијадин Села.


Доколку победи на изборите, Села вети проекти за градење соживот, ред во паркирањето, ослободување на шеталиштата и враќање на плажите на граѓаните, како и отворање работни места со што ќе се запре иселувањето на младите од Струга.

OhridNews