Патриотизам е да ја осигураме иднината на нашата земја и нашите деца, истакна премиерот Зоран Заев на централниот митинг на Коалицијата “Заедно за европска Македонија”, што се одржа денеска во Скопје.

  • Нашиот јазик е заштитен. Нашиот идентитет е обезбеден засекогаш. Во четвртокот, одржав говор во Европскиот парламент. Одржав говор во срцето на Европската Унија на македонски јазик. На нашиот македонски јазик, кој ќе биде официјален јазик на Европската унија“, потенцираше премиерот Заев.

Заев рече дека референдумот на 30 септември е избор за ЕУ и НАТО или избор за изолација и целосна неизвесност.

  • Тоа е избор за сигурност и безбедноста, или избор за немир и нестабилноста.Тоа е избор за раст на економијата или за стагнација. Тоа е избор за исполнување на нашиот сон од иднината – иднината за нашите деца, внуци и за сите идни генерации. Гласот на 30 септември е глас за иднината на наша Македонија. – порача премиерот Заев.

Пред присутните говореше и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, кој рече дека само Европска Македонија ги прави среќни сите.

  • Длабоко сум убеден дека ние ќе бидеме уште посреќни по 30-ти септември, а часовникот на историјата ќе тропне и на совеста на оние што без некоја рационална причина се двоумат да кажат Да на евроинтеграциските процеси на земјата. Денес сме тука ги охрабриме сите да ни се придружат и да го направат вистинскиот избор. – рече Џафери.

На собирот говореше и новинарот Томислав Кежаровски, кој истакна дека ќе заокружи „ЗА“, бидејќи, како што рече, членството во ЕУ е гаранција за слободни медиуми, за слобода на изразување.

  • Ова е глас од вас, за вас. Ниту наградувате, ниту казнувате некого партиите на власт или од опозицијата. Вашиот глас е за вашата иднина. – рече Кежаровки.

OhridNews