Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, синоќа на плоштадот „Св Климент Охридски“ во центарот на Охрид одржа предизборен митинг, на кој се претставија кандидатот за претседател од оваа партија, Љубомир Фрчкоски и кандидатот за градоначалник на Охрид, Александар Петрески.


Актуелниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, во својот говор потсети на  остварувањата на локалната самоуправа во текот на изминатите четири години, и најави дека во наредниот мандат ќе се залага за суштинска и вистинска децентрализација, во сите сфери на животот.

Дојдов да ве повикам на 22 март да и зададеме удар на оваа ненародна власт, која со својот концепт ја турка Македонија во изолација и самоуништување, не ги решава проблемите на граѓаните и дава нереални ветувања, истакна во своето обраќање пред охриѓани, кандидатот за претстедател на државата, Љубомир Фрчкоски.

Последен на граѓаните на Охрид им се обрати в.д. претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој ги повика гласачите на 22 март да ја казнат политиката на Груевски, која како што рече, ја води земјата назад. Тој им порача на охриѓани да си го чуваат градоначалникот Петрески, кој како што истакна, со остварените резултати покажал и докажал како се сака и се бори за Охрид, без оглед на силните опструкции на централмната власт.

На митингот беа претставени кандидатите за членови на советот на општина  Охрид. Претходно СДСМ одржа митинг и во Струга.


СДСМ синоќа одржа предизборен митинг во Охрид

Ohridnews