Вечерва во 19:00 часот во Стар Град пред црквата Света Софија, Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ќе одржи МИТИНГ на кој ќе земат учество кандидатот за градоначалник, г-динот Кирил Трендафилов – Нанче, носителот на листата за советници, г-динот Борис Стефаноски, кандидатите за советници на оваа листа и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
Исто така, кандидатот за градоначалник, г-динот Кирил Трендафилов – Нанче, носителот на листата за советници, г-дин Борис Стефаноски, кандидатите за советници и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, ќе земат учество на МИТИНГОТ кој ќе започне во 21:00 во населбата Билјанини извори на локацијата пред АМСМ, соопшти партиската прес служба.












