Во видео записот кој пред неколку часа беше поставен на интернет каналот јутјуб, охридскиот пратеник од редовите на СДСМ, Митре Велјаноски, вели дека возилата кои утрово сообраќаеле кон Скопје, биле застанувани и блокирани.

Сите патни правци од Вевчани, Струга и Охрид се блокирани. Прават претреси на секој километар. Немаме друго освен да ги блокираме улиците.“ – стои во видео изјавата на Велјаноски.

Инаку, денеска во главниот град на земјава се одржуваа мирен протест против, како што викаат од Здружената опозиција, недемократското владеење на централната власт.

OhridNews