Женската популација да се грижат за своето репродуктивно здравје, да посетуваат редовно гинеколог, затоа што во 21 век неприфатливо е да се губат животи од рак на грло на матката кога со превентивни прегледи тоа може да спречи, рече Д-р Јасна Митреска, спец. гинеколог на одржаното предавање на тема „Рак на грлото на матката-причини, симптоми, тестови, стадиуми, превенција и лечење“, кое се реализираше во просториите на Младинскиот центар Охрид.

Целта на предавањето беше подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања, имајќи ги во предвид податоците за застапеноста и зачестеноста на појавата на рак на грлото на матката кај женската популација.

Предавањето беше согласно календарот на традиционални активности во здравствено-превентивната дејност на Црвен крст Охрид во соработка со Младински Центар Охрид, а во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Знаењето спасува живот“.

OhridNews