Новиот член на Еурофарм Работник, Никола Митрески со одбрана после завршување на регуларниот дел од натпреварот ја зачува минималната предност на нашата селекција и донесе триумф (26-25) вреден пласман на Европското првенство следната година. „Црвено жолтите“ го потврдија учеството на петтото ЕП во низа, вкупно шесто во ракометната историја.

  • Победивме во еден тежок и исцрпувачки натпревар. Среќен сум за одбраната. Знаевме дека мотивација нема да недостастува во двете селекции. Очекувавме нешто полесна побеа, но уште еднаш се докажа дека нема лесни и тешки победи во ракометот. Среќата поради искуството беше на нашата страна на гостувањето во Турција. – изјави Митрески.

Во последната рунда од европските квалификации Македонија силите ќе ги одмери со Турција. Мечот се игра в недела во салата „Парк“ во Струмица. Избраниците на Данило Брестовац со триумф над грците ќе го задржат првото место и ќе имаат поволна позиција во извлекувањето на групите на ЕП.

OhridNews

ЕП: Триумф на мускули на Македонија во Турција