Филип Митрески го засили Охрид 2004 во последниот ден од летниот преоден рок и веднаш стана лидер на “рибарите“. Неговите седум погодоци донесоа значајни бодови во трката за опстанок која “белите“ ја завршија на 13-та позиција во Втората македонска фудбалска лига.

– Таа позиција не беше што ја очекувавме. Но, со овие услови кои ги имавме 13-то место е повеќе од задоволително. На домашен терен одигравме доста добри натпревари. Проблем ни преставуваа патувањата во гости каде што не успеавме да извлечеме некој бод – потенцираше Митрески.

Офанзивецот Митрески првите фудбалски чекори ги направи во Тун, Швајцарија поминувајќи ги сите категории. Кога пристигна во Охрид, тој прво почна во Охрид Лоте потоа во Охрид 2004 и заврши во Металург. По шест месеци минати во дресот на “зелените“, Митрески повторно се врати во Охрид 2004.

Се одлучив во летниот период да одиграм шест месеци во Охрид и да му поможам на клубот кон опстанок. Тоа е добра прилика и за мене да се одржам во форма и бидам спремен за пролетниот дел од сезоната – рече Митрески

Добрите игри на Митресски во Втората македонска фудбалска лига не останаа незабележани од клубовите.

– Се надевам дека ќе има некоја добра понуда од клубовите во првата лига каде што ќе можам напредувам во подобри услови – заврши Митрески.

Мх.П.