Митрополитот Тимотеј испратен до неговото вечно почивалиште на Плаошник
28.11.24 14:01
Митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, денес беше испратен до неговото вечно почивалиште во јужната апсида на храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник.
Со владиката Тимотеј се простија сите членови на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, свештеници од епархијата, од другите Помесни православни цркви, бројно свештенство од целата земја.
Претходно, утрово беше одржана Заупокоена Света литургија во црквата „Св. Софија“ со која чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, а учествуваа и двајца владици од Српската и еден од Бугарската православна црква.
На Светата литургија присуствува и делегација од Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, како и голем број верници.
По повод упокојувањето на Владиката Тимотеј, Општина Охрид денешниот ден го прогласи за Ден на жалост, така што откажани се сите културно-забавни збиднувања на територијата на Општината.
Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, почина завчера на 73 годишна возраст во Скопје каде неодамна беше хоспитализиран поради проблеми со срцето.
Раководеше со Дебарско–кичевска епархија од 1981 година како нејзин Администратор со седиште во Охрид, од каде што со голем елан, самопрегор, трпеливост и тактичност ќе раководи и со Австралиската епархија до 1995 година, кога доброволно ја отстапува на друг надлежен архијереј.
Изминатите 43 години како архијереј на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Митрополитот Тимотеј извршуваше и многу други одговорни задолженија како беше секретар на САС на МПЦ и Администратор на Повардарската епархија, како и портпарол на Синодот на МПЦ.
Митрополитот Тимотеј испратен до неговото вечно почивалиште на Плаошник
Општинските средни училишта во Охрид денеска ги објавија првичните резултати од првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година Најголем е интересот за стручните средни училишта, додека нешто помал ...
Со признанието „Ученик на генерација“ годинава е одликуван Марио Велкоски, ученик од класот IV-5 во здравствената струка, како потврда за неговите извонредни резултати, посветеност и континуирана ж...
Охрид повторно ќе ја покаже својата хуманост и солидарност Во недела, на 21 јуни, во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи хуманитарен турнир во мал фудбал под мотото „Со љубов и фудбал за...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.